Најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар, наречен “Вардар лига“ викендов ќе го има својот завршен турнир во населбата Ѓорче. Целта на овој проект е нашиот најбогат фудбалски колектив да ја прошири својата младинска школа низ градовите од цела Македонија. За сега свои деца имаме во Охрид, Ресен, Штип и Валандово и Скопје. Вардар во својата школа има вклучено до сега 300 фудбалери кои настапуваат во детската лига, првенството и купот на Македонија, заедно со овие од регионалната лига, тоа се вкупно околу 1.000 Вардарови деца. Голема улога во овој проект имаат координаторот на младинската школа на Фк Вардар, господинот Сашо Милошевски, директорот на Фк Вардар Самол Симев, директорот на младинската школа Горан Митев и легендарниот Слободан Мутибариќ, кој работи како тренер на голманите во овој клуб.
Одличен проект на управата на фудбалскиот клуб Вардар, на чело со Самоил Симев и директорот на младинската школа Горан Митев. Имаме одлична соработка со Вардаровите школи од внатрешноста на Македонија. Не сме лимитирани со скопскиот регион, од каде до сега ги носевме најталентираните деца во Вардар. Вардаровите генерации сега стекнуваат и нови познанства и секако нови другарства со децата од Валандово, Охрид, Ресен, Штип, Куманово и другите градови.
Се планира да се гледаат и одбираат најдобрите играчи од цела Македонија и да се земаат во црвено-црниот дрес. На тој начин ја зголемуваме и пренесуваме љубовта на останатите кон нашиот Вардар.
За овие два месеци, двајца голмани од Куманово се приклучени на голманските тренинзи во Скопје. Се работи за талентирани голмани кои со напорна работа очекувам да им конкурираат на Вардаровите голмани кои се моментално членови на младинските категории. Ние тренерите во Фк Вардар секогаш ќе бидеме отворени за соработка со Вардаровите школи од цела Македонија. Целта на оваа Јуниор лига е да се откријат и донесат најталентираните и најквалитетни деца во нашиот клуб, изјави Слободан Мутибариќ за нашиот сајт.
Звонко Ивановски