Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Само “победа“ против Колдинг, за враќање на врвот на табелата
Само “победа“ против Колдинг, за враќање на врвот на табелата

Само “победа“ против Колдинг, за враќање на врвот на табелата

Во сабота во С.Ц. Јане Сандански Вардаровите момци се враќаат на предизвиците во најголемото ракометно натпреварување. Противник е екипата на Колдинг од Данска, кој е наш голем должник во оваа групна фаза. Да потсетиме дека Данците беа први кои ја прекинаа нашата победничка серија во групата, која траеше четири натпревари. На тој гостински дуел бевме ослабени без сигурно најдобриот наш поединец, тоа е голманот Арпад Штербик кој одлично брани во оваа сезона. Недостасуваше и младиот Алекс Душебаев како и Деревен. Слабиот ден на нашите двајца голмани на тој меч Ангелов и Милиќ можеби беше пресуден фактор за првиот неуспех во тој дел од сезоната.

Следуваше перфектното издание против Килеце, кој високо го поразивме со десет голови разлика во својата арена. Тој триумф ни донесе и прво место на табелата во својата група. Следуваа два тешки дуели со европскиот првак, од кои вториот во Скопје го имавме речиси добиено, но среќата ни го сврте грбот, како и неколкуте чудни судиски одлуки. Минатата недела игравме на тешкиот терен во Килеце, каде Полјаците беа спремни на секаков начин да стигнат до бодовите.

Се се заборава и останува позади нас, сега ни следува натпревар кој мора да го добиеме каде само зборот победа доаѓа во предвид. Со триумф ќе имаме можност повторно да се вратиме на позициите кои носат полeсен противник во осминафиналната рунда. Тренерот Гонзалес на прес-конференцијата напомена дека имаме проблеми со неколку повредени играчи. Пред се Карачиќ кој го пропушти последниот дуел во ЛШ, мали проблеми имаме и со Македа, Брумен, Тоскиќ и Шишкарев. Сепак веруваме дека момците ќе ги соберат последните сили и утре ќе излезат на теренот во Ј. Сандански. Важноста и значењето на овој дуел е несомнено голема, триумф би ни ја вратил самодовербата во целата екипа и враќање на победничките патеки во лигата на шампиони. Сигурни сме дека квалитетот е на страната на црвено-црните и дека секој од нив ќе даде максиум да не израдува со еден голема победа.