Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најава: Работнички – Вардар
Најава: Работнички – Вардар

Најава: Работнички – Вардар

Денеска на програмата е 17-сетото коло во ПМФЛ. Нашиот ФК Вардар ќе се ”судри” со градскиот ривал, екипата на Работнички. Нашиот тим по овие 16 кола, се наоѓа на првата позиција со освоени 39 бодови, додека пак екипата на Работнички се наоѓа на 4-тата позиција со 22 бодови освоени досега. Оваа година овие два тима одиграа еден меч во ПМФЛ, ФК Вардар беше домаќин на таа средба, на која што Вардар победи со 2-1 со гол на Горан Попов во последните минути од натпреварот.

Се надеваме дека ФК Вардар и на оваа средба ќе излезе како победник. Овој натпревар започнува во 13 часот, на Градскиот стадион во Велес.