Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > Историја > На денешен ден 2017: Вардар го „изгаси“ Фенер во Скопје, победа со 2-0
На денешен ден 2017: Вардар го „изгаси“ Фенер во Скопје, победа со 2-0

На денешен ден 2017: Вардар го „изгаси“ Фенер во Скопје, победа со 2-0

На денешен ден пред три години, 2017 на Градскиот стадион во Скопје се одигра дуел од баражот за пополнување на групата во Лигата на Европа. ФК Вардар беше домаќин во првиот дуел од двомечот на турскиот гигант, Фенербахче.

Вардар не признава sвезди и фаворизирани тимови. Нашиот тим уште еднаш покажа дека пред својата публика е несовладлив. Тимот предводен од Чеде Јаневски кој таа вечер дебитираше,  славеше голема победа над Фенербахче со резултат 2:0 (1:0).   Во 19 минута, Вардар преку Николов ја имаше првата закана кон голот на гостите, ударот на нашиот играч заврши високо над голот на Камени.

vardarfans-gacevski1-660x330

Во 20 минута следуваше ерупција на Градски. Барсегјан доби една одлилна топка во празно, прекрасно го измами Шкртел и стрелаше за 1:0 и голема радост на Вардар, резултат со кој се замина на одмор. Клучниот момент дојде во 90 минута, Вардар  поведе со 2:0 со автогол на играчите на Фенер. Каков земјотрес на Градски!
Крај, Вардар победи со 2:0!

Оваа победа се покажа клучна, заминавме растеретени на реваншот,  потоа и во гости одигравме на ниво, бевме победници и во Турција па создадовме историја. ФК Вардар беше и се уште е првиот македонски фудбалски клуб кој играл во групна фаза на европско клубско натпреварување.