Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мартин Радуловиќ-Величковиќ: Секогаш ќе играм од срце за Вардар, благодарност до Васоски за шансата да бидам дел од тимот
Мартин Радуловиќ-Величковиќ: Секогаш ќе играм од срце за Вардар, благодарност до Васоски за шансата да бидам дел од тимот

Мартин Радуловиќ-Величковиќ: Секогаш ќе играм од срце за Вардар, благодарност до Васоски за шансата да бидам дел од тимот

Вардар стигна до првиот триумф во новата натпреварувачка сезона, откако на теренот „Младост“ во Струмица, ја победи екипата на Академија Пандев. На овој дуел беше постигнат само еден гол, истиот го постигна Вардар. Дејан Блажевски погоди од белата точка, за прв сезонски триумф.

На овој натпревар деби во црвено-црниот дрес, имаше 18-годишниот,Мартин Радуловиќ-Величковиќ, кој го одигра целиот дуел. Се работи за „дете“ на Вардар, кој ги има поминато сите младински категории. Во најголемиот македонски клуб, Мартин е дел веќе осма година. Со оглед на младоста и неискуството од вакви натпревари, младиот Величковиќ одигра перфектен меч, речиси без грешка и може да се каже дека одигра натпревар за чиста 10-тка. За нашиот медиум, Мартин даде свое видување за стартот на сезоната, како и за дуелот со струмичани.

-Немавме многу време за подготовки пред стартот на новата натпреварувачка сезона. Не одржавме многу тренинзи заедно, дојде и поразот од екипата на Борец, но на дуелот со Академија Пандев се прикажавме во подобро светло.

-Знаевме дека ќе биде тешко и против А.Пандев, противникот можеби и беше фаворит, поради домашниот терен, но и подолгиот подготвителен период. Сметам дека бевме подобри на теренот, поконкретни, со повеќе шанси за погодок. Одигравме целиот тим на ниво, ги испочитувавме советите и задачите кои ни ги постави нашиот тренер, во пресрет на натпреварот. Не дозволивме многу опасности пред нашот гол, па можеме да бидеме и задоволни од прикажаната игра.

Мартин смета дека Вардар ќе биде подобар како ќе тече сезоната, и дека тимот секогаш ќе оди на победа, без разлика кој е противникот пред нив.

-Како ќе одминува сезоната, сметам дека ќе бидеме се подобри. Со квалитетни тренинзи и со компактност во тимот, ќе напредуваме на секој натпревар. Овој тим има што да покаже, спој сме, на млади и искусни играчи. Сепак, ние сме Вардар и без разлика на ситуацијата и противникот, мора секогаш да одиме на позитивен резултат.

Величковиќ се заблагодари на Васоски, за шансата да биде дел од екипата.

-Секогаш ќе играм од срце за Вардар и ќе давам максимум на теренот, кога и да ми се пружи шанса. Ќе бидам во клубот и во добро и лошо, на крајот сакам да се заблагодарам на стручниот штаб на чело со Александар Васоски, за шансата да бидам дел од првиот тим.

Звонко Ивановски