На денешен ден во 2013 година, ФК Вардар за прв пат во својата историја го подигна пехарот од Супер Купот на Македонија. Тоа беше дуел против тимот на ФК Тетекс (тогашен освојувач на купот), нашиот тим тој натпревар го доби минимално со резултат 1-0, а голот за Вардарци го постигна Филип Петров во 54 минута од натпреварот.
Од тој ”црвено – црн” шампионски тим, во овој момент во тимот сеуште настапува само Јасир Асани. Инаку Вардарци го освоија и вториот Супер Куп во својата историја, минатата сезона подобри бевме од ФК Работнички, по изведување на пенали. За жал, оваа година Вардар нема да може да го брани трофејот од Супер Купот. Оваа година Супер Купот нема да се одигра.