Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Деревен големо засилување за Вардарци во новата сезона

Деревен големо засилување за Вардарци во новата сезона

Нашиот ракометен шампион со првиот собир во текот на вчерашниот ден го означи стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона. Главната цел е веќе зацртана, а тоа е долго посакуваниот пласман на завршниот турнир во лигата на шампионите. Клубот се засили засега со тројца нови играчи, кои дојдоа од најсилната ракометна бундес лига. Бразилецот Фереира, шпанецот Кањелас и црнагорецот Борозан ќе бидат дел од екипата во новата сезона. Иако од клубот сеуште не го потврдуваат Иван Чупиќ, тој по завршување на олимписките игри во Рио би требало да се приклучи на Вардар.

Сигурно дека во оваа група на засилувања, треба да се смести и Рускиот репрезентативец Александер Деревен кој не се изнаигра многу во текот на изминатава сезона. “Бомбардерот“ кој дојде од Чеховски Медведи се најавуваше како големо засилување за црвено-црните, кој требаше да биде еден од важните фактори на тимот. Освен подготвителниот период, вклучувајќи ги турнирите во Јане Сандански и “Кањижа куп“ во Унгарија, како и почетокот на сезоната во лигата на шампиони и Сеха-лигата, Деревен го пропушти остатокот од сезоната. Тој доби незгодна повреда на натпревар од треттото коло во ЛШ, против екипата на Рајн-некар на домашен терен. Вардар на тој меч славеше триумф, но го загуби Русинот до крајот на сезоната во најголемото ракометно натпреварување и сеха-лигата. Успеа да се врати на теренот на последните два меча од супер лигата и тоа на убедлив начин со постигнати 14 голови на натпреварот против Макс Струмица.

После заминувањето на Сергеј Горбок во Пик Сегед, се очекува Деревен да биде прв иззбор на тренерот Гонзалес, на позицијата лев бек. Тука се наоѓа и новото засилување, Вуко Борозан, но и Жоан Кањелас, кој може подеднакво добро да игра на позициите среден и лев бек. Деревен е максимално подготвен за новата сезона и новите предизвици. Очекуваме да ги повтори добрите игри од почетокот на минатата сезона, кога ги “кинеше“ противничките мрежи. Несомнено тој е едно од големите засилувања на клубот, за новата сезона, каде треба да биде главна “фигура“ во нападот на Вардарци.