Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > На овој ден пред две години, Вардар одигра без голови против Апоел во ЛШ
На овој ден пред две години, Вардар одигра без голови против Апоел во ЛШ

На овој ден пред две години, Вардар одигра без голови против Апоел во ЛШ

На овој ден пред две години, нашиот фудбалски шампион гостуваше во Никозија, на екипата на Апоел во рамките на второто квалификациско коло од лигата на шампионите. Тој дуел заврши со нерешен резултат, односно без голови 0:0. Вардарци имаа одличен резултат на тој прв натпревар на гостински терен и имаа големи шанси да ја поминат првата пречка во најголемото натпреварување. Сепак на реваншот на арената “Филип втори“, противникот успеа да постигне еден гол, кој на крај се покажа како решавачки за пласман во следната рунда. Вардар касно постигна гол, во судиското продолжение и го израмни резултатот на 1:1, кој не беше доволен за пласман понатаму.

Оваа година црвено-црните повторно имаат активен и добар резултат од гостувањето, кој им дава добри шанси да се елиминира противникот, но одлуката повторно ќе падне на реваншот, кој сега мора да го играме на теренот во Струмица. Се надеваме на повеќе среќа, во вторник кога го играме вториот меч против тимот на Малме.