Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат распоредот за СЕХА лигата на Вардар, прв меч е македонското дерби со Металург
Познат распоредот за СЕХА лигата на Вардар, прв меч е  македонското дерби со Металург

Познат распоредот за СЕХА лигата на Вардар, прв меч е македонското дерби со Металург

Нашиот РК Вардар, кој е трикратен шампион  во регионалната СЕХА Газпром лига, во  новата сезона во 1.коло повторно ќе игра градско дерби против Металург. Денес на официјалната страница, СЕХА лигата го објави распоредот на натпреварите за новата сезона што според планот треба да почне на крајот на август, со редовно коло на 29 или 30 август.

Вардар во периодот од 25 до 28 август треба да игра на Супер Глоуб во Доха, а потоа да му гостува на Металург. Сезонава ќе играат 10 екипи од шест земји. Ф4 турнирот во СЕХА Газпром лигата ќе се одржи на 4 и 5 мај, а местото дополнително ќе биде одредено. Есенскиот дел од сезоната треба да се има 12 кола, со тоа што последниот натпревар треба да биде на 16 или 17 декември, а Вардар треба да биде домаќин на Мешков. Според планот пролетниот дел почнува на 3 февруари, а последното 18 коло е планирано да се одигра на 17 и 18 март. Потоа следува повеќе од еден месец за подготовка за Ф4 турнирот.

Комплетен распоред за новата сезона во СЕХА Газпром лигата

Распоред на натпревари на Вардар

1 коло: Металург – Вардар
2 коло: Вардар – Горење
3 коло: Мешков – Вардар
4 коло: Вардар – Татран
5 коло: Целје – Вардар
6 коло: Вардар – ППД Загреб
7 коло: Вардар – Динамо Панчево
8 коло: Нексе – Вардар
9 коло: Вардар – Војводина
10 коло: Вардар – Металург
11 коло: Горење – Вардар
12 коло: Вардар – Мешков
13 коло: Татран – Вардар
14 коло: Вардар – Целје
15 коло: ППД Загреб – Вардар
16 коло: Динамо Панчево – Вардар
17 коло: Вардар – Нексе
18 коло: Војводина – Вардар