Во периодот од 23-26-ти август, женската екипа на Вардар ќе биде домаќин на турнирот “Трофеј Вардар„ кој ќе го има своето второ издание. На турнирот ќе настапат вкупно шест екипи, кои ќе бидат поделени во две групи од по три тима. Вардарки ќе бидат во група со екипите на Будуќност и Краснодар. Во другата група се наоѓаат ЦСМ Букурешт, Оденсе и Ростов Дон.
Второто издание на “Трофеј Вардар„ ќе биде отворено на 23-ти август со натпреварот, ЦСМ Букурешт и Ростов, додека од 17:15 часот, Вардарки ќе го одиграат својот дуел против Краснодар од Русија.
Распоред на натпревари за целокупниот турнир, кој ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански.
23-ти август 2017
15 ч. ЧСМ Букурешт – Ростов
17,15 ч. Вардар – Краснодар
24-ти август 2017
15 ч. Одензе – ЧСМ Букурешт
17 ч. Будуќност – Вардар
25-ти август 2017
15 ч. Ростов – Одензе
17 ч. Краснодар – Будуќност
26-ти август 2017
14 ч. Меч за 5 место
16 ч. Меч за 3 место
18 ч. Финале