Рано изутринава ФК Вардар тргна на пат за Скопје. Момците на ФК Вардар заедно со стручниот штаб по овие 25- дневни подготовки во Анталија се враќаат дома.
Според планот Вардарци треба да пристигнат некаде во попладневните часови во Скопје. Се очекува тимот да има еден ден одмор, па да се продолжи со редовните тренинзи.