Пионерите на ракометниот клуб Вардар предводени од тренерот Андријана Будимир изминативе три дена ќе учествуваат на силен меѓународен турнир во Зрењанин-Србија. Нашите млади надежи на првиот натпреварувачки ден забележаа две победи и еден пораз. Турнирот го стартувавме со пораз од екипата на Војводина. Можеби тремата преовладуваше кај црвено-црните, со оглед дека беше отварање на турнирот. Многу промашени зицер удари, ни пресудија за конечниот пораз од 13:10, иако и судиските одлуки на моменти имаа влијание за конечниот пораз.
Овој стартен пораз не ги обезхрабри нашите момчиња, кои го покажаа својот квалитет веќе на вториот натпревар на турнирот, противник ни беше екипата на Спачва од Хрватска. Целосна доминација на црвено-црните во текот на целиот натпревар, на кој на крајот заслужено победивме со резултат 13:7. Следуваше и трет меч за избраниците на Будимир во текот на денешниот ден, против екипата на Раковица од Србија. Многу интересен натпревар, на кој се играше гол за гол на двете страни. Сепак во второто полувреме одигравме многу подобро и бевме надмоќни во секој дел на играта. Утре наутро со почеток од 09:00 часот играме против екипата на Камп Растеме. Доколку забележиме триумф на овој меч, ќе обезбедиме пласман во полуфиналето.