Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најава: Вардар-Ренова 13часот, да ја продолжиме 5годишната низа без пораз
Најава: Вардар-Ренова 13часот, да ја продолжиме 5годишната низа без пораз

Најава: Вардар-Ренова 13часот, да ја продолжиме 5годишната низа без пораз

Денес на нашата најголема арена- “Филип втори“ ќе се одигра прволигашкиот дуел од 16. коло помеѓу црвено-црните и екипата на тетовска Ренова. Мечот на Вардар и “гипсарите “ е закажан со почеток во 13-00 часот. Ова е втор меѓусебен дуел во оваа натпреварувачка сезона 2015/16, првиот се одигра во село Боговиње на 20 септември кога одигравме неочекувано реми без погодоци 0-0.

Вардар нема претрпено неуспех во мечевите со Ренова цели пет години односно 12 меѓусебни меча. Од тие 12 дуели имаме половичен број победи 6 и еднаков број на нерешени натпревари, а ако ги погледнеме последните 5 имаме дури 4 победи на истите. Последниот пораз на црвено-црните од тетовчани беше во сезоната 2010/11 со резултат  0-2, но сите знаме какви проблеми финсиски, играчки,  организациски и други имаше Вардар таа сезона кои денес се веќе одамна минат проблем. Вардар кој има дури 19 бода повеќе влегува во овој дуел со “гипсарите“ како апсолутен фаворит од лидерската позиција со 36.бода , а Ренова се наоѓа на 6.позиција со освоени досега 17 бодови.