Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генер. “2002“ го победи Шкупи, генерација “2003“ триумфираше со резултат 8:0
Фк Вардар генер. “2002“ го победи Шкупи, генерација “2003“ триумфираше со резултат 8:0

Фк Вардар генер. “2002“ го победи Шкупи, генерација “2003“ триумфираше со резултат 8:0

Нашите Вардарови генерации кои не претставуваат во детската фудбалска лига, продолжуваат со големи успеси и добри резултати. Победи за Вардаровите генерации родени “2002“ и “2003“ година, во рамките на деветтото коло од детската лига.

Денеска на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра дербито во генерација “2002“ помеѓу екипите на Вардар и Шкупи. Овој дуел заврши со трумф на црвено-црните, со конечен резултат од 3:1. Противникот од Чаир беше достоен противник само во првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 1:1. Во вториот дел се покажа кој е поквалитетен тим и сосема заслужено ги освоивме трите бодови од овој меч. Еден од најдобрите играчи кои настапуваат во оваа Вардарова генерација, Леонид Игнатов одигра одличен натпревар и беше еден од најзаслужните за денешниот триумф. Успеаа да постигне два гола, а друштво во листата на стрелци му правеше и Марио Илиевски.

Успешно коло и за Фк Вардар генерација “2003“ кој беше надмоќен во дуелот со својот противник, екипата на Тефејуз. Конечниот резултат гласеше 8:0. Натпревар во кој доминиравме и каде разликата во квалитет на двете страни беше огромна. Уште од самиот старт почнавме да го напаѓаме противничкиот гол, таквата игра на крајот ни донесе висок триумф. Противникот релиси и да не закани посериозно кон нашиот гол. На теренот гледавме само една екипа, тоа беше црвено-црниот состав на Ане Андоновски. Хет трик на овој дуел постигна Александро Прелоговски. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Филип Георгиевски, Горазд Јордановски, Марио Петрушевски, Петре Тасевски и Дамјан Марковски.