Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Голманот Чаневски најзаслужен за триумфот на Рк Вардар Јуниор, во дуелот со Радовиш
Голманот Чаневски најзаслужен за триумфот на Рк Вардар Јуниор, во дуелот со Радовиш

Голманот Чаневски најзаслужен за триумфот на Рк Вардар Јуниор, во дуелот со Радовиш

Во спортскиот ракометен центар Кале се одигра натпревар од 11 коло, во рамките на најсилната супер лига. Свој настап имаше Рк Вардар Јуниор предводен од Пепи Манасков, кој забележа победа во дуелот со екипата на Радовиш. Конечниот резултат гласеше 24:22

Мечот го започнавме со следнивет ракометари: Чаневски, Андовски, Чурлевски, Вујачиќ, Тренчевски, Јовчевски и младиот Ристов. На овој дуел во нашиот состав недостасуваше крилото Владо Недановски. Првите два гола беа за црвено-црните, дело на Вујачиќ и Чурлевски. Гостинот својот прв погодок го забележува во 4 минута. Во воведните десет минути нашиот голман Градимир Чаневски успеаа да скроти два седмерци на Радовиш. Со двата последователни гола на нашиот организатор на играта, Филип Чурлевски за прв пат имаме највисоки четири голови 6:2 во 13 минута. По тајмаутот на противничкиот тренер, неговата екипа успева да постигне три голови во серија и да намали на еден гол  негатива 6:5. На спротивната страна возвраќаме со иста мера и повторно ја достигнуваме највисоката позитива. Во следните неколку минути во главна улога се Тренчевски и Вујачиќ за наши највисоки шест голови предност. Во 21 минута резултатот на семафарот гласеше 12:6. Како се ближеше крајот на првиот дел, така Радовиш полека но сигурно ја топеше нашата позитива. Неколкуте грешки и избрзани напади, им овозможија лесни голови на гостинот преку брзи контри. Илиев во 28 минута намали на 13:10, до крајот на првиот дел успеаа со уште подостижни два гола негатива да заминат на одмор 14:12.

Продолжи нашата лоша серија во вториот дел, на спротивната страна Радовиш за прв пат на овој дуел го израмни резултатот на 14:14. Конечно Чурлевски погодува за момент да го прекинеме лошиот период на игра. Следува прв гол на овој меч и за Мартин Поповски, кој повторно не враќа на водство кое беше актуелно по првиот дел. Не трае нашата радост долго време, Илиев се погрижува за второ измранување на мечот од 16:16. Чаневски со својата 11 одбрана и трет седмерец не дозволува противникот да поведе. Чурлевски со својот шестти гол ни донесува ново водство од 19:17. Во наредните неколку минути се одржуваа ова предност за Вардарци, благодарение на голманот Чаневски кој денеска брани во одлично издание. Следува период каде двете екипи наизменично постигнуваат голови, што не носи во неизвесна завршница. Мартин Поповски во контра-напад после одбрана на Чаневски погодува за 24:22, на три минути до крајот на овој дуел. До крајот успеавме да ја одржиме оваа предност во наша корист и да го завршиме мечот со конечни 24:22.

Ова е вкупно шестта победа за Вардар Јуниор во супер лигата. Чурлевски постигна 6 и Вујачиќ 5 голови. Чаневски забележа 16 успешни одбрани.