Денеска се одигра последното деветто коло од есенскиот дел во детската лига. Фк Вардар генерација “2006“ со две победи го завршија овој дел од сезоната на првото место на табелата во својата конкуренција.
Фк Вардар (1) на најдобар можен начин го финишираше овој дел од сезоната со убедлива победа против екипата на Нови Лисици. Конечниот резултат гласеше 6:1. Одлична игра во текот на целиот натпревар за избраниците на Игор Кралевски кои несомнено покажаа завиден квалитет на игра и надмоќ. Во центарот на вниманието повторно беше Давид Голубов кој постигна дури пет голови за својот тим. Ова момче е убедливо најефикасен во својата генерација. Дамјан Крстевски постигна еден погодок за убедлив триумф.
Состав: Андреј Данстак, Михаил Николов, Давид Голубов, Милош Спасовски, Максим Цониќ, Андреј Стефковски, Драган Јанкоски, Дамјан Крстевски.
Фк Вардар (2) во чекор ги следеа своите соиграчи и забележаа исто така голем триумф. Противник беше екипата на Маџари, која го заврши овој дуел со пет примени голови во својата мрежа. Напротив не успеаа ниту еднаш да го загрозат нашиот голман и да постигнат почесен гол. Конечниот резултат галсеше 5:0 за црвено-црните. Одличен натпревар одигра Михаил Танчев кој постигна три гола, како и Ангел Крстевски со два погодоци.
Состав: Лука Јаневски, Данил Ордевски, Филип Спасовски, Михаил Танчев, Милош Проковиќ, Никита Патаровски, Ангел Крстевски.
По завршување на ова последно есенско коло, тренерот на Фк Вардар генерација “2006“ Игор Кралевски, искажа задоволство од настапите на двете свои екипи.
-Како одминуваа мечевите, нивниот напредок беше се повеќе забележителен. Посебно се истакнаа Дамјан Крстевски, Милош Спасовски, Давид Голубов, Драган Јанкоски во едната екипа и Михаил Танчев, Никита Патаровски и Ангел Крстевски во другата. Сепак ќе напоменам дека сите дечиња имаа свој придонес во добрите игри и резултати, кои ни донесоа прво место на крајот од првиот дел од сезоната, кратко изјави Кралевски за нашиот сајт.