Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Најава за успешен викенд
Најава за успешен викенд

Најава за успешен викенд

Ракометарките на Вардар најавија уште еден успешен црвено – црн викенд. Вчера ЖРК Вардар успешно го започна и овој викенд, избраничките на Инди и Камара триумфално минаа и низ Шведска, за четврта победа во низа, и прво место во групата (бар до утре). Со овој натпревар девојките ставија крај на оваа  групна фаза, сега на ред е 1/4 финалето за Вардарки, но пред тоа следува еден месец пауза.

Ракометарките на Вардар си ја завршија својата работа, а овој викенд очекуваме истото да го направат и ракометарите на Вардар, фудбалерите и сите останати црвено – црни тимови.
ФК Вардар својот натпревар овој викенд ќе го одигра во Турново, против тимот на Хоризонт. Овој натпревар започнува в недела со почеток во 14 часот. Очекуваме нови три бода за Вардарци.
Ракометарите на Вардар исто така в недела го играат клучниот натпревар за повисоко место во групата Б од ЛШ. Нашите момци гостуваат во Унгарија на тимот на Пик Сегед. Овој натпревар е на програмата во недела со почеток во 17 часот и 30 минути со директен пренос на МРТ – 1.