Утре ФК Вардар гостува по прв пат оваа пролет. Вардар во Турново нема да биде сам, навивачите на ФК Вардар Комитите информираат за гостувањето, па ви го пренесуваме истото:
Во Недела го имаме првото гостување во оваа полусезона. По тој повод организиравме превоз кој ќе биде исклучиво на свој трошок, без помош од управа или било кој. Цената на ова патување ќе биде 350 денари, а собирното место е стандардно на Железничка, поаѓање во 10.00ч. За најверните нема пречки, сите во Турново!