Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар јуниор одигра тест-дуел со РК Металург
РК Вардар јуниор одигра тест-дуел со РК Металург

РК Вардар јуниор одигра тест-дуел со РК Металург

Избраниците на Пепи Манасков, младите црвено-црни ракометари од екипата на Вардар јуниор одиграа тест-меч против неколкукратниот македонски шампион РК Металург. Дуелот се одигра во салата во населбата Автокоманда, од овој дуел  како победник излезе домаќинот со резултат 23-18.

Металурзите првиот дел го добија со 9-8, а победата ја издвојуваа во вториот дел. Овој тест-меч беше  проверка за Вардар Јуниор на две недели до почетокот на  полусезоната во Супер лигата. Пролетната етапа нашите момци ќе ја започнат на домашен терен со дуел против тимот на Пролет. Потоа до  крајот на регуларната сезона треба да играме уште со Металург -2 , РК Работнички и со тимот на РК Охрид. Есенската етапа од Супер лигата Вардар јуниор ја заврши како петти со 18 бода. Имаме 9 бода помалку од четвртопласираниот Работнички, кои го има последното место кое води во плеј-офот каде ќе се придружат РК Макс Струмица и нашиот РК Вардар. На овој пријателски дуел играчите на Вардар јуниор ги имаа следните постигнувања: Ивановски 12 одбрани, Филиповски, Манасков 5, Вујачиќ, Јовчевски 1, Недановски 2, Чурлевски 1, Тренчевески 2, Ончев 2, Димов 1, Спасовски, Георгиевски, Костовски 2, Симиќ, Ристов 1.