Wednesday ,22 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победа на ЖРК Вардар, Савехов издржа едно полувреме
Победа на ЖРК Вардар, Савехов издржа едно полувреме

Победа на ЖРК Вардар, Савехов издржа едно полувреме

ЖРК Вардар го одигра и последниот натпревар од главната фаза во ЛШ. Вардарки гостуваа на последно пласираниот тим во нашата група Савехов. Натпреварот започна потешко од очекувањата  за Вардарки. Во 10 минута од натпреварот Савехов имаше водство од +2 5-3, се чинеше дека нашата одбрана слабо реагира на нападите на домакинките. Во 13 минута Савехов ја зголемуваше својата предност за највисоки +3, потоа следуваше и уште еден погодок, дело на ”црномурестата” Сант за +4 за Савехов. Потоа продолжи лошата игра на Вардарки во одбраната и во нападот за највисоки +6 за домакинот, се чинеше дека Вардарки сеуште играа во ”грч” на овој натпревар. Потоа следуваше една подобра игра на нашиот тим, следуваше серија од 3-0 за намалкување на оваа висока разлика на домакинот на 10-7, како се ближеше крајот на првиот дел така Вардарки играа се подобро и подобро. Во 28 минута од натпреварот Вардарки со голот на Сокач се доближија на само -2. Следуваат последните две минути од натпреварот, а Вардарки тоа го искористија на најдобар можен начин. Со два гола за две минути Вардар дојде до 14:14. Ова беше резултат на полувремето. Сокач постигна три погодоци по првиот дел.

Во вториот дел започна Суслина со одбрана, а на спротивната страна Ихнева го постигна вториот гол вечерва за водство на Вардарки. Човиќ  и на овој натпревар не беше во елемент, направи нова техничка грешка за нерешен резултат 15-15. Продолжи Суслина, нејзина шестта одбрана  во 42 минута. Следуваше гол на Лазовиќ втор денеска, за солидни два разлика за нашиот тим во 35 минута од натпреварот. Следуваше серија на Лазовиќ за повторно два разлика за нашиот тим. Вардарки играат за ниво подобро во нападот и во одбраната во вториот дел. Сокач продолжи да ја полни мрежата на Савехов, петти гол денеска за Сокач во 40 минута од натпреварот. Поддршката од трибините за нашите девојки не застана, една помала група навивачи во Шведска навиваа во текот на целиот натпревар за Вардар. Суслина влегува во елемент деветта одбрана во 47 минута од натпреварот. Гол на Лекиќ за највисоки +4 за Вардар во 48 минута од натпреварот. Се играше 54 минута од натпреварот, Вардарки имаа предност од 27-23.  Крај на натпреварот, победа за ЖРК Вардар, четвртa победа во низа, денеска совладан беше Шведскиот шампион тимот на Савехов со резултат 29-26