Вардар игра одлично и заслужено е лидер на првенствената табела со дури седум бодови повеќе од второпласираните екипи на Шкендија и Академија Пандев.
За добрите резултати без пораз секако е најзаслужна одбраната на Вардарци. Досега во овие девет одиграни натпревари Гачевски ја вадеше топката од својата мрежа само на четири наврати, или попрецизно само на три дуели од вкупно девет. Значи, мрежата на нашиот голман сезонава мирувала дури шест пати.
И не само тоа, Гачевски е во серија, активно неговата мрежа не е допрена веќе 388 минути. Последен кој го матираше нашиот голман е Сержињо и тоа на 16 септември во победата на Вардар од 2:1.
Честитки за голманот на Вардар и за целиот тим!