И по одиграното четврто коло во Лигата на шампионите, Вардар останува единствената непоразен екипа во групата А и со самото тоа сигурно чекори кон првите места кои водат во следната фаза.
По ова одиграно коло и победата на Вардар над Рајн – Некар работите се сменија на табелата кога се во прашање најдобрите стрелци.
На првата позиција во овој момент со 28 постигнати голови се екс играчот на црвено – црните Душебаев, Рон од Тун, како и Егерт од Скјерн, односно Хансен од Силкеборг. Кога сме кај нашите играчи, во овој момент Борозан се наоѓа на 13 позиција со вкупно 22 голови, додека пак Чупиќ е на 18 место со 20, а Дибиров го завзема 32 со вкупно 18 погодоци.
Веќе во недела Вардар игра нов натпревар, овој пат во Полска кај тимот на Кјелце.