Вардаровите младинци успеаа да ја поминат првата пречка од купот на Македонија и да се пласираат во осминафиналето од купот на Македонија. Избраниците на Љупчо Марковски во 1/16 беа подобри од екипата на Шкендија, со минимален триумф од 1:0. Стрелец на единствениот погодок на крајот од првото полувреме беше Александар Најдоски. Ова момче по една сезона помината во Сиднеј( Австралија) се врати во редовите на Вардар и полека влегува во голгетерска форма.
-Натпреварот беше тежок како и што се очекуваше, но мислам дека бевме повеќе подготвени од противникот. Покрај постигнатиот гол имавме контрола на играта и уште неколку шанси да го зголемиме резултат. Задоволен сум од моето залагање на теренот и секако постигнатиот гол, со кој ја однесов мојата екипа во следната рунда од куп натпреварувањето. Полека го фаќам оној потребен ритам на игра и одлично се снаоѓам во поставеноста која ја спроведува нашиот тренер. Посакувам да продолжи оваа наша победничка серија и на наредните натпревари, а моето име почесто да се споменува во листата на стрелци. Сакам да се заблагодарам на тренерот Марковски кој ми укажува доверба да играм како стартер, а јас ќе се трудам со добри игри тоа да го оправдам, изјави Александар Најдоски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски