Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Христијан Стојчевски: Бевме посконцентрирани во пенал серијата од тимот на Шкендија и мислам дека заслужено триумфиравме

Христијан Стојчевски: Бевме посконцентрирани во пенал серијата од тимот на Шкендија и мислам дека заслужено триумфиравме

Вчера се одиграа натпревари од 1/16 на младинскиот фудбалски куп, каде две наши екипи успеаа да победат и да се пласираат во следната рунда од ова натпреварување. Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар дури по изведување на удари од белата точка успеаа да ја елиминираат екипата на Шкендија. Во регуларните 90 минути резултатот беше оној почетниот 0:0. На пенали нашите момци славеа со резултат 3:2. Сигурни во ударот беа Трајчевски, Серафимов и Стојчевски. Токму Христијан Стојчевски беше последниот избор за тренерот Влатко Колев да шутира и воопшто не погреши. Ова момче успеа на својата екипа да и донесе осминафинале во купот на Македонија.

-Мечот против екипата на Шкендија беше тежок кој цели 90 минути се играше без погодок и многу пропуштени шанси за нашата екипа. Уште пред стартот на дуелот знаевме дека ќе биде тешко и дека нијасни можат да го одлучат конечниот победник. По конечниот резултат од 0-0 се пристапи кон изведување на пенали во кој нашиот тим беше подобар од противничката екипа. Бевме посконцентрирани во оваа пенал серија од тимот на Шкендија и мислам дека заслужено триумфиравме. Пресреќен сум за решавачкиот гол, за 3-2 во пенал рулетот и тоа дека преминуваме во следната фаза, осминафинале од националниот куп на Македонија кој е многу важен за нашата екипа. Се надевам дека ќе продолжиме во исто темпо да ги играме и следните мечеви кои ни претстојат. Нема многу одмор за нас, сега мислите ги насочуваме на новиот првенствен дуел, изјави Христијан Стојчевски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски