Реномираниот ракометен портал “Хандбал Планет, традиционално секоја година прави избор на 100 најдобри трансфери во ракометна Европа. Тојца играчи на Вардар се најдоа во оваа листа на најдобри засилување, за новата натпреварувачка 2016/17 сезона. Највисоко котира Шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелас кој од редовите на Кил премина во Вардар. Тој го зазема виското петто место на оваа листа. Девети најдобар трансфер е доаѓањето на Иван Чупиќ, додека на 67-мото место се најде црнагорецот Вуко Борозан кој од бундеслигата од екипата на Либеке пристигна во Вардар.
Првото место го држи трансферот на германското лево крило, Уве Генсхајмер кој од редовите на Рајн-Некар премина во екипата на ПСЖ.