Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Балотели им ги затвори устите на сите, прв стрелец во ПМФЛ со дури 6 гола на 5 меча

Балотели им ги затвори устите на сите, прв стрелец во ПМФЛ со дури 6 гола на 5 меча

Бразилскиот интернационалец со звучно презиме Балотели ова лето го засили нападот на црвено-црниот фудбалски колектив. Тој дојде  од бразилскиот фудбалски шампионат каде бил дел од екипите на Виторија-Пе,  Фрибугуенсе, Пескеира, Макае, Аудакс, Калдас Новаси Трабалхадоре. Покрај звучноста на неговото презиме во почетокот на неговото пристигнување во Скопје за дел од јавноста беа “сомнителни“ неговите квалитети, но кратко време потоа сето тоа се демантираше.

Одигра сосема корекно и на моменти атрактивно со Динамо Загреб иако беше новајлија и невоигран доволно со остатокот од тимот. Почна македонската прва фудбалска лига каде зад нас се веќе пет кола, а бразилецот постигна дури шест гола односно има просек од 1,20 гола по меч, скор на кој може да му подзавидат многу офанзивни фудбалери. Неговото целосно  име  е Џонатан Боарето дос Реис Балотели.

mu-660x330

На мечот со Брегалница на 27/08 го постигна својот прв „хет-трик“ во дресот на Вардар

Најрасположен за стрелање беше со штипска ФК Брегалница кога постигна „хет-трик“, а избраниците на Седлоски Гоце однесоа победа со “петарда“ на дуелот кој се играше на националната арена “Филип втори“ во Скопје. Постигна голови на четири од пет средби во ПМФЛ, покрај трите погодоци со штипјани по еднаш стрелаше против: Шкендија, Македонија Ѓ.П и Слога. Тој е прв стрелец во македонскиот шампионат  и се наоѓа на врвот на листата на стрелци зад второпласираниот играч на Силекс српскиот интернационалец Недељковиќ кој има гол помалку од него. Во вардаровиот табор е осамен на листата зад него со по два гола се Глигоров и Којашевиќ.  Се надеваме во иднина овој 27годишен вардаров фудбалер  ќе продолжи вака и дека ќе си ја исполни желбата за оваа сезона кога посака две први места , клубски со ФК Вардар во ПМФЛ и лично како стрелец број еден во земјава.