Во градот Битола во понеделеник на 19 септември ќе се одржи собир на млади играчи кој се дел од поширокиот список на селекторот на сениорската репрезентација Лино Червар. Хрватскиот тренер на РК Металург и селектор на црвено-жолтата сениорска машка ракометна селекција одлучи на списокот да се најдат седум ракометари на црвено-црните кои настапуваат за екипата на РК Вардар и помладиот наш сениорски колектив РК Вардар јуниор.
На веќе објавениот списокот се наоѓаат следните седум играчи од вардаровите два сениорски тима: Марко Кизиќ, Тоше Ончев, Дејан Кукуловско, Иван Димитровски, Антонио Николовски, Мартин Манасков и Стефан Трпчевски. Селекторот Лино Червар претходно најави дека ќе се одржат три вакви собири оваа есен. Истите ќе се реализираат во три различни градови во Република Македонија. Тие се организираат со единствена цел што повеќе ракометари да бидат повикани и да се види квалитетот со кој се располага на поширокиот список на потенцијални репрезентативци. Список на повикани ракометари за собирот во Битола може да го погледнете -ТУКА