Избраниците на Драги Димитровски членовите на црвено-црниот кугларски колектив ги очекува пеколен октомври. Тие од август се подготвуваат за предизвиците во следниот месец. Тренираа во Скопје, одиграа контролка која ја добија со градскиот ривал екипата на КК ГТЦ Мусандра и учестуваа на силен турнир во Бих.
Тие во Бања Лука-Република Српска (БиХ) ја имаа најсилната контролка во овие подготовки каде одиграа два меча. На првиот ден беа трети на заеднички меч со селекцијата на Словенија, шампионот на Бих домаќинот на турнирот тимот на КК Ревита и шампионот на Република Србија екипата на КК Белград. Вториод ден одиграа тест-меч со домаќинот кој КК Ревита кој го добија убедливо. Во октомври на втори тие заминуваат за Италија каде ги чека сериозен европски предизвик. Тие се преставници на македонскот куглање на “Светскиот куп“ каде ќе присуствуаат 14 шампиони од најсилните лиги во овој спорт. Првенството ќе се одржи од четврти до осми идниот месец. Потоа вардарци се враќаат за нашиот главен град Скопје каде ќе ги одработат последните подготовки за домашниот шампионат. Домашниот предизвик за нив во Македонската кугларска лига-МКЛ почнува на 15 октомври. Почињаме со најважниот дуел по кој многу тоа ќе се знае каков правец ќе има борбата за златото во лигата. Прво коло и веднаш дерби, домаќини сме на единствениот конкурент за лидерската позиција повеќе кратниот и моментален шампион на Македонија во куглање екипата на КК Макпетрол. Вистински предизвик е да се одигра овој дуел се надеваме дека со победа над “пумпашите“ ќе ја стартуваме новата сезона. Домаќини ќе бидеме во кугларницата “Мусандра“ која се наоѓа во Градскиот трговски центар Скопје, која ќе биде нов “дом“ на вардарци во сезоната 2016/2017 одкако во изминатите две сезони домашните мечеви ги играа во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“.