Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Вардар утре заминува за Словенија каде во сабота гостува на Целје
СЕХА: Вардар утре заминува за Словенија каде во сабота гостува на Целје

СЕХА: Вардар утре заминува за Словенија каде во сабота гостува на Целје

Викендов на програмата е петтиот меч за нас во регионалната СЕХА Гаспром лига, овој меч ќе биде прв надвор од земјава за нашиот тим. Одигравме досега три домашни дуела и “гостувавме“ на Металург во спортскиот центар “Борис Трајковски“. Во скопските дуели однесовме три победи и еден меч заврши со реми исход. Избраниците на шпанскиот тренер на црвено-цртната клупа Раул Гонзалес веќе  утре заминуваат за Словенија,  каде во сабота гостуваме на екипата на  Целје.

Со кој  составот ќе заминеме утре за Словенија  ќе се знае по последниот тренинг, дали ќе патува и  столбот на вардаровата одбрана Илија Абутовиќ дополнително ќе се одреди. Натпреварот со дебитантот во регионалното натпреварување почнува во 18-00 часот, ние и словенците се сретнавме во Л.Ш пред две сезони во гости бевме минимално подобри со 27-26, а на реваншот во Скопје исто така однесовме победа , овој пат со резултат 34-32. Домаќините имаат во својата историја “европска круна“ кога станаа шампиони во ЕХФ лигата на шампионите во 2004 година. За нив ова е исто така петти дуел тие во првите четири дуела победија трипати, а еднаш забележаа неуспех во дуелот со Веспрем тим кој во регионалното натпреварување единствено е поразен од Вардар. После овој дуел ни преостанува само уште еден меч пред почетокот на ЕХФ Л.Ш во истиот сме домаќини на Татран Прешов. Тој дуел ќе се игра во вторник во спортскиот центар “Јане Сандански“.