Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кировски, Тодоровски и Стојчевски забележаа настапи за репрезентацијата У-19 на контролките со БИХ, Стојчевски стрелец на еден погодок

Кировски, Тодоровски и Стојчевски забележаа настапи за репрезентацијата У-19 на контролките со БИХ, Стојчевски стрелец на еден погодок

Фудбалска репрезентација на Македонија  до 19 години  одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Мечевите се играа  на тренинг центарот “Петар Милошевски“ во вторникот и денес. Селекторот на оваа селекција Јетон Несими за двомечот со БиХ повика  тројца играчи на фудбалскиот клуб Вардар.

Се работи за стоперот и десен бек Андреј Кировски , тој  е дел од кадетите на црвено-црните. Новото засилување за младинците кое стигна на почетокот на новата сезона, десниот бек Тодор Тодоровски и играчот од средниот ред Филип Стојчевски. Двата меча со босанските врсници се дел  подготовките за квалификациите за европско првенство на оваа црвено-жолта репрезенација. Првиот дуел со селекцијата на Босна и Херцеговина македонските фудбалски надежи го завршија со реми исход. Тој меч заврши со резулат 2-2, двапати гостите поведуваа и двапати успеавме да изедначиме на тој дуел кој се одигра во вторник. На првиот меч Кировски, Тодоровски и Стојчевски ја чекаа својата шанса од клупата и сите тројца влегоа во игра во вториот дел од дуелот. На денешниот втор дуел македонската селекција успеја да однесе победа со 2:0. Првиот погодок беше дело на вардарецот  Филип Стојчевски во 44. минута од првото полувреме. Денес мечот во стартната постава го почнаа Стојчевски и Тодоровски, апак  Андреј Кировски влезе во игра на место на капитенот на оваа селекција Шефит Шефити.