Во сабота црвено-црните играат меч во СЕХА Гаспром лига, кој меч ќе биде прв надвор од земјава за нашиот тим. Одигравме досега три домашни дуела и “гостувавме“ на Металург во спортскиот центар “Борис Трајковски“. Во сабота играме дуел во Словенија, гостуваме на екипата на Целје.
Натпреварот со СЕХА-дебитантот почнува во 18-00 часот, од истиот македонските гледачи ќе може да проследат директен пренос на државната телевизија. Македонската радио и телевизија ќе го пренесува дуелот на првиот програмски канал со коментар на Драган Никовски. Досега во регионалната лига одигравме четири дуели на кој не бевме поразени на ниеден, однесовме три победи и одигравме едно реми. За Целје ова е исто така петти дуел тие во првите четири дуела победија трипати, а еднаш забележаа неуспех во дуелот со Веспрем.