Македонската фудбалска легенда, Илија Најдоски беше специјален гостин на отворањето на „Вардар Купот“ во Скопје. Првиот натпревар се играше меѓу Вардар и Црвена Звезда.
Бидејќи Најдоски во својата играчка кариера настапуваше за двете екипи, тој доби огромна чест пред натпреварот. 58-годишникот доби дресови од изминатата сезона од Вардар и Звезда, со својот број и презимето на грбот, што е знак на почит на клубовите кон него.