Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најголем подарок за 69-тиот роденден на ФК Вардар би било изненадувачки резулат во Загреб и пласман понатаму

Најголем подарок за 69-тиот роденден на ФК Вардар би било изненадувачки резулат во Загреб и пласман понатаму

ccc

Интересен момент за нашиот свет клуб е дека во петок на 22 Јули  го слави својот 69-ти роденден , а два дена  претоа го очекува еден исклучително важен дуел кој може да се покаже како историски доколку нашите момци се надминат себе си . Познаникот од Ех Ју лигата загребски Динамо  е пречката која треба да се мине и тоа би било најубавиот поклон за роденденот на црвено- црните . По играта во Скопје, но и по желбата ништо неможе да ни го “украде сонот“ да се надеваме во среда на чудо, фудбалот се игра за победи и изненадувања. Вардар е љубов која е вечна за нас најголемите вљубенци во светите бои . Само бог знае колкава е желбата на генерации скопјани и македонци за конечен пласман во групната фаза од елитната европска лига .

ФК Вардар е најтрофејниот македонски фудбалски клуб почетоците на клубот во рамките на Спортското друштво “Вардар” се од 22 јули 1947 година. Претходно, фудбалски клуб со име Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, но познат како Вардар Топаана. Сепак, денешниот фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година кога тогашните скопски спортски друштва “Македонија” и “Победа” одлучиле да се соединат во едно друштво кое ќе донесе дополнителен развој, масовност и квалитет на спортот во главниот град. Па, така во преполната сала на киното “Вардар”, на 22 јули 1947 година со фузијата на овие две друштва започнало да работи и живее фискултурното друштво “Вардар”.
За прв претседател на спортското друштво “Вардар” е избран Димче Беловски, а потпретседатели Ѓорѓи Икономов и Александар Мартиновски. За секретар е избран Влајко Јосифовски, а за стручен секретар Панта Поленак. Со самото формирање на спортското друштво како една од секциите во него е и фудбалската во која беа впишани 93 члена.