Не се очекува никаков притисок од трибините на мечот во среда за нашиот црвено-црн фудбалски колектив на дуелот кој ќе се игра со почеток во 20 часот и 45 минути на стадионот “Максимир“ во Загреб. Поради неколкугодишната “војна“ на првиот човек на тимот Здравко Мамиќ со навивачите и публиката на сите мечеви во европските купови вклучително и групната фаза од натпреварувањата посетата на домашните мечеви на “модрите“ е исклучително слаба , се мери во неколку илјади. Вардар гостува во среда и не се очекува никаков драматичен пресврт по тоа прашање.
Динамо вчера старуваше со првото коло во домашниот фудбалски шампионат каде со победа ја започна одбраната на титулата во првенството. Противник во првото коло на “Максмир“ им беше екипата на Локомотива, која успеаа да ја совладаат со резултат 3:1, сепак на овој меч кој беше навестување за мечот во среда посетата беше очајна нешто помалку од 1000 гледачи беа присутни на дуелот. Покрај тоа што нема да имаат притисок од полни трибини вардарци што не беше случај за Динамо Загреб во Скопје кога имаше над 20.000 црвено-црни гледачи нашите играчи ќе имаат и “ветер во грб“. Најверните навивачи на ФК Вардар членовите на навивачката група Комити Запад, тие пред неколку дена навестија дека ќе патуваат за Загреб и од трибините ќе го поддржат нивниот миленик. Знаејќи ја нивната неповторлива верност и страст се очекува во респектабилен број да заминат и да бидат “дванесети вардаров играч“ на овој реванш дуел од второто предквалификациско коло во УЕФА Лигаша на шампиони.