Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вирус го попречува Мијушковиќ да настапи со Динамо, Новак ја очекува својата шанса
Вирус го попречува Мијушковиќ да настапи со Динамо, Новак ја очекува својата шанса

Вирус го попречува Мијушковиќ да настапи со Динамо, Новак ја очекува својата шанса

Играчот кој за жал го доби епитатот “трагичат“ на првиот меч иако одигра квалитетен дуел, но погреши во 21 минута и ја погоди мрежата на Томе Пачовски црнагорскиот интернационалец  Немања Мијушковиќ најверојатно нема да може да настапи во Загреб.

Вардаровиот стопер заради вирусна инфекција нема да биде најверојатно на располагање на Гоце Седлоски за дуелот со Динамо Загреб на 20-ти јули во среда на “Максимир“. Тој поради вирусот како што пренесуват некој македонски медиуми нетренира одреден период и ќе паузира во продолжението на оваа недела. Неговото место во централниот дел на одбраната со голема веројатност ќе го заземе украиенцот Евгениј Новак, кој ја чека својата шанса да дебитира сезонава во Лигата на шампионите во црвено-црниот вардаров дрес. Вардар во реванш натпреварот од второто предквалификациско коло во УЕФА Лигата на шампиони влегува со гол негатива по одиграниот дуел дома кога бевме поразени 1-2 (0-2) минатиот вторник на арената “Филип втори“во Скопје.