Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Стативите овој пат нека бидат голови
Стативите овој пат нека бидат голови

Стативите овој пат нека бидат голови

Остануваат уште неполни три дена до реванш натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Динамо Загреб. По несреќниот и незаслужен пораз во Скопје во вторникот, сега Вардарци ќе мора во Загреб да бркаат ”чудо” наречено два гола во мрежата на ”модрите”. Нашиот тим на дуелот во Скопје немаше ниту малку среќа, на повеќе наврати нашите играчи ја погодија само конструкцијата од голот на Динамо, а публиката нервозно, само воздивнуваше од трибините.

Очекуваме во среда да биде поинаку! Нашите играчи покажаа и докажаа дека може не само да се носат со еден великан, туку и во целост да издоминираат. Се надеваме дека во среда среќата ќе биде на наша страна и сите оние зицери, стативи и пречки кои ги имавме во Скопје, во Загреб да ги имаме, а потоа да ги претвориме во голови. Напред Вардар!