Шампионот на Македонија, женскиот ракометен колектив на Вардар, точно на почетокот на новиот месец август ќе ги ”запали моторите” и ќе се подготвува за новите искушенија, наречени напад на Европската титула во Лигата на шампионите. Нашите девојки својот старт како што рековме ќе го имаат за 14 дена, на првиот собир очекуваме да се појават и новите ракометари и сите стари од минатата година кои го продолжија договорот со Вардар.
Во Скопје ќе се тренира се до 6 август, а потоа се заминува за Словенија односно терме Зрече, каде ќе останат Вардарки до 18 август. Потоа на 8 август експедицијата се сели во Словенија каде ќе настапиме на 13. традиционален меѓународен турнир „Винко Кандија”. Таму покрај домаќинот, екипата на Крим Меркатор, потврдени се и уште екипите на Подравка Вегета и Дебрецин. Распоредот на натпревари дополнително ќе биде одреден.