Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски без пропуштена минута, Брдаровски, Аврамовски и Цветаноски ги одиграа сите натпревари
Гачевски без пропуштена минута, Брдаровски, Аврамовски и Цветаноски ги одиграа сите натпревари

Гачевски без пропуштена минута, Брдаровски, Аврамовски и Цветаноски ги одиграа сите натпревари

Фудбалерите на Вардар веќе две недели се на зимски одмор каде ги полнат батериите по успешната напорна есенска полусезона и првото место на табелата.

По заокружувањето на последното есенско коло и дербито против Шкендија, ги имаме комплетните статистики за сите играчи на Вардар.

Започнуваме од најредовните:

Филип Гачевски стандардно, ниту оваа полусезона не пропушти натпревар помеѓу стативите, а ни минута. Популарниот Гача е единствен фудбалер од редовите на Вардар кој може да се пофали дека ги одиграл сите комплетни минути во овие 18 рунди.

Покрај него, уште тројца играчи можат да се пофалат дека не отсуствувале ниту еден натпревар оваа есен. Владица Брдаровски, Матеј Цветаноски и Даниел Аврамовски се трите лица покрај капитенот кои беа најстандардни оваа полусезона.