Викeндов се одигра нова „епизода“ од Државното поеднечно кугларско првенство. На програма беа дуелите од четврт-финалето. Истото одржа во кугларницата „Мусандра“ во ГТЦ Скопје. Вардар имаше свој претставник кои играа во оваа фаза, Тони Тодоровски.
Вардаровиот куглар овде заврши со настап, по одлично минатите квалификациски две рунди тој ја мина и 1/8-финалната. Во 1/4-финалето се сретна со Манев, забележа пораз со резултат 3-1 по што ривалот продолжува во топ-4 сегментот, однонсо во полуфиналните дуели. На овој последен настап на поединечното првенство, Тони Тодоровски собори 540 „дрва“.