Шампионот на Македонија, тимот на ФК Вардар во четврток ќе го одигра вториот натпревар од групаната фаза во Лигата на Европа. Црвено – црните ќе гостуваат во Норвешка која тимот на Розенборг.
Пред овој натпревар, најдобриот стрелец на Розенборг, Никлас Бендтнер се пожалил на повреда на коленото. Сепак, според информациите од Норвешка, не станува збор за некоја сериозна повреда па така Бендтнер ќе може да настапи против нашиот тим.
Дуелот на овие два тима ќе биде одигран во четврток со почеток во 19-00 часот.