Еден од најдобрите ракометари на сите времиња во светот, Ивано Балиќ во саботата беше присутен на натпреварот на Вардар и Нант.
Зашто беше Балиќ во Скопје и во ложата на Вардар засега е непознато. Според некој информации, нема да биде чудно доколку токму Балиќ стане нов спортски директор на РК Вардар.
Покрај Балиќ, во ложата на натпреварот против Нант беше и сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко заедно со тренерот на ЖРК Вардар, Дибирова.