Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во Кратово по титулата, и славје со Комити!
Во Кратово по титулата, и славје со Комити!

Во Кратово по титулата, и славје со Комити!

Утре се игра последниот натпревар од оваа сезона во ПМФЛ. Нашиот Вардар оди утре во Кратово по заверка на титулата, подигнување на шампионскиот пехар, и големо славје со најверните навивачи, Комитите.
Без некој поголеми притисоци, или императив нашите момци заминуваат денеска за Кратово. Се очекува во стартниот состав да има неколку играчи кој добиваа помала минутажа оваа сезона.

Исто така ова ќе биде и последен меч за Сергеј Андреев, како прв човек во стручниот штаб на ФК Вардар.
Комитите одат во голем број, да слават 9-та титула со своите миленици.
Ова нема да биде единствено славје, денеска со почеток во 19 часот пред С.ц Јане Сандански ќе се прославуваат двете титули на фудбалскиот, и ракометниот клуб Вардар.

Тргнувањето утре за Кратово е во 13 часот на Железничката станица.
Билетот ќе чини 100 денари со членска, и 150 денари без членска.
НАПРЕД ВАРДАР, ВАРДАР ШАМПИОН!
Фото: fkvardar.mk