Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Славјето во Ѓорче на денешниот ден пред 3 години кога по децениска пауза станавме шампиони
(ВИДЕО) Славјето во Ѓорче на денешниот ден пред 3 години кога по децениска пауза станавме шампиони

(ВИДЕО) Славјето во Ѓорче на денешниот ден пред 3 години кога по децениска пауза станавме шампиони

На денешен ден пред три години на стадионот во Ѓорче по огромен пост и доста сезони за заборав ФК Вардар беше крунисан со титулата Шампион на Македонија. Девет години пост ,желби , мечти се тоа за пехар се тоа беше наградено со едно емотивно славје . Таа 2011/12 година се закитивме со титулата дури после последната во  сезоната 2002/03 емоциите бликаа од сите нас искрените црвено-црни вљубеници ….Скопје Слави Вардареее…

Навивачката група Комити организираше еден прекрасен ден за помнење , многу пиро, кореографии , пароли славенички амбиент нешто прекрасно што само треба да се доживее за да се запомни .  Низ следново видео во кое се поместени фотографии од караванот, самиот меч во Ѓорче , но и прославата на Школка што следеше во истиот ден после доделување на пехарот на ФК Вардар.