Нема време за одмор. Утре започнува новата рунда во шампионатот на Македонија. Во ова ново коло, Вардар одново игра во Скопје, но овој пат условно како гостин кај екипата на Работнички. Овој дуел иако беше првично предвидено да се одигра в недела, сепак ќе биде одигран утре со почеток од 13 и 30 часот.
Лидерот на табелата сака да ја продолжи победничката низа, да остане на врвот и да му го нанесе вториот меѓусебен сезонски пораз на ривалот, додека пак домаќинот ќе сака ја да прекине црната серија на резултати и да слави победа. Работнички оваа сезона игра очајно и се наоѓа на последната позиција на табелата.
Ги повикуваме сите симпатизери на Вардар, да дојдат утре на убавото и пријатно време во Скопје, да навиваме за нашиот тим и да славиме уште една голема и значајна победа во борба за титулата оваа сезона.