Одамна ФК Вардар немал ваква квалитетна голманска двојка. Нашиот прв голман Томе Пачовски веќе 427 минути нема примено гол, четири во првенството, и еден во купот, и е сериозна закана за нашиот втор голман, кој минатата година во ФК Брегалница постави нов рекорд од 912 минути без примен гол. Ова е дополнителен мотив за популарниот ”Пача” да се обиде да го урне многу брзо овој славен рекорд помеѓу голманите во македонската прва лига.
Најинтересно е што во изјава за нашиот официјален сајт на клубот Гачевски му го порача следново на Пачовски:
„Сѐ уште не се чувствувам загрижен околу евентуалното надминување на мојот рекорд. Минатата сезона, како голман на Брегалница цели десет натпревари, односно 912 минути немав примено гол. Пачовски засега само на четири првенствени средби во низа успеа да ја сочува нашата мрежа, што значи дека допрва го очекуваат уште шест тешки натпревари. Меѓутоа овој пат сме дел од истиот тим и за доброто на Вардар, искрено му посакувам многу среќа и успех, на секој нареден меч“, гласеше возвратниот коментар, на акутелниот рекордер меѓу македонските голмани. – (Ова Гачевски го изјави за ФК Вардар.мк)
Фото: fkvardar.mk