Младите ракометари на Вардар од екипата на суперлигашот Јуниор во недела на домашен терен во С.р.ц “Кале“ ја пречекуваат екипата која годинава има квалитетен тим, нов спонзор и амбиции во македонскиот ракомет тимот на РК Работнички. Ова градско дерби е закажано со почеток во 18-00 часот.
Нашите ривали се на второто место од табелата во Супер лигата, тие имаат еден пораз во досегашниот дел од првенството и со 18 бода се на 6 позитива од црвено-црните. Ова е дуел од 8 коло во суперлигашката конкуренција. Избраниците на Пепи Манасков во својата дебитанска сезона играат солидно имаат 12 бода и се петопласирани едно место под посакуваното четврто кое носи во плеј-офф разигрувањето на крајот од сезоната со тимовите на РК Вардар и РК Макс Струмица кои напролет ќе се приклучат во последната фаза од лигата. Минатото коло младите вардарци убедливо победиа со “фенерџијата“ РК Металург-2. Во ова коло уште се играат и дуелите: Борец – Радовиш, Прилеп – Металург, Пролет – Охрид , Металург 2 – Пелистер.