Избраниците на Гоце Седлоски се вратија на победничките патеки повторно по ремито со Шкендија на домашен терен во средата нагости во Охрид однесоа минимална победа со екипата на ФК Младост Ц.Д од 0-1. Стрелец на единствениот гол од пенал во 36 минута беше бразилскиот интернационалец Филипе.
Веќе во недела мора да продолжи серијата на гостински победи лидерот Вардар гостува кај “фенерџијата“ во ПМФЛ тимот на ФК Металург. Овој дуел на двата скопски ривала е закажан за недела 1. ноември на стадионот “Борис Трајковски “ во скопската населба Маџари. Овој дуел е закажан со почеток во 13-30 часот. Соочувањето со тимот Металург е меч во рамки на 13.коло во првата македонска фудбалска лига. Се очекува лесна и убедлива победа на црвено-црниот тим кој е далеку поквалитетен од зелено-белите и ако во првиот дуел Вардар однесе минимална победа од 1-0 на теренот во Ѓорче Петров. По овој меч следен предизвик за вардарци е домашниот дуел со тимот на штипска Брегалница.