Покрај пионерските екипи на Фк Вардар, свој контролен натпревар денес одиграа и кадетите. На теренот во Дојран нашите кадети беа подобри од младинците на Беласица. Црвено-црните забележаа минимален триумф со резултат 1:0.
Вардарци отпорот на противникот го “скршија“ во вториот дел, откако на полувреме се замина со почетниот резултат 0:0. Единствениот погодок на овој дуел, вреден победа го постигна Кристијан Јордановски. Инаку се работи за нов играч, кој игра на позицијата централен дефанзивец. Со оглед дека имавме пред нас противник, кој е за генерација повозрасна од нашите кадети, се играше еден тежок и незивесен натпревар. Покрај погодокот, црвено-црните имаа уште неколку прилики да ја затресат противничката мрежа. Во Дојран ќе останеме до недела, каде се очекува да одиграме барем уште еден контролен натпревар.