Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом. пионери и пионерите на Фк Вардар убедливи против Беласица, на контролни натпревари
Пом. пионери и пионерите на Фк Вардар убедливи против Беласица, на контролни натпревари

Пом. пионери и пионерите на Фк Вардар убедливи против Беласица, на контролни натпревари

Помладите пионери и пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се наоѓаат на неколкудневни подготовки во Дојран, пред стартот на пролетниот дел од натпреварувачката сезона. Тие денес одиграа контролни натпревари против екипата на Беласица, која беше една година повозрасна од нашите екипи. Двете наши генерации забележаа убедливи победи и покажаа дека се наоѓаат во одлична форма, пред најважните предизвици на пролет.

Први на теренот настапија помладите пионери предводени од тренерот Сашо Јанев, кои без поголеми проблеми го добија мечот. Конечниот резултат гласеше 4:0, се играа две полувремиња по 35 минути. Исто така по првиот дел имавме водство од 2:0. Четири различни играчи ја погодија противничката мрежа. Ибрахим Ариф, Виктор Мирчевски, Самир Хасиќ и Давид Ристовски успешно стрелаа за екипата на Вардар. Одличен натпревар за црвено-црните, кои го контролираа целиот меч и не дозволија противникот многу да се изнаигра.

Веднаш после нив на теренот излегоа пионерските екипи на Вардар и Беласица. Повозрасните пионери беа уште поубедливи во својот настап, забележувајќи висок триумф со конечен резултат од 8:0. Можеби само во првите 35 минути, противникот успеваше некако да одолее на нападите на Вардарци, кога имаа негатива од само два гола во својата мрежа. Сепак во второто полувреме, разликата во квалитет силно дојде до израз, кога црвено-црните постигнаа уште шест голови. Радува играта на нашите пионери, кои продолжуваат со сигурни победи и добри настапи на подготвителните натпревари. Пред овој меч, избраниците на Сашо Тодоровски забележаа убедлива победа и против тимот на Македонија Ѓ.П (5:1) и сериозно ја најавуваат кандидатурата за двојната круна во домашни рамки. Марко Ѓорѓиевски уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма, успевајќи да постигне хет-трик. По два гола беа дело на новото засилување Саит Битиќи и Јакуп Бериша,  додека Александар Ѓорѓиески беше стрелец на еден погодок.

Во Дојран ќе останеме до недела, каде се очекува да одиграме барем уште еден контролен натпревар.