Денес продолжија натпреварите од второто коло во групната фаза за фудбалските генерации на Вардар, кои се наоѓаат на турнирот во Сандански (Бугарија). Двете наши генерации родени “2004“ и “2005“ година остварија нови убедливи победи.
Фк Вардар гене. “2004“ предводена од тренерот Филип Арсовски имаше брилијантен натпревар, откако го совлада својот противник, тимот на Фк Орлетата со резултат од 10:0. Во двете полувремиња, кои се играат по 25 минути им дадовме по пет погодоци, за на крајот да забележиме голем триумф, вкупно втор од исто толку одиграни мечеви на овој турнир. Георг Стојановски повторно беше наш најдобар стрелец, откако втор натпревар по ред постигна хет-трик. Листата на стрелци ја продолжија Горазд Попов (2), Огнен Здравковски, Марио Ричков, Сандро Каровски, Исмет Хајдари и Марио Сурлов. Денес на програмата е уште еден натпревар, против екипата на Фк Охрид.
Помалата генерација која се натпреварува на турнриот во Бугарија, родени “2005“ година го следеа примерот на повозрасните и исто така остварија голема победа. Совладана беше екипата на Фк Векта со убедлив резултат од 8:0. Уште по првото полувреме кое се игра по 20 минути го најавивме триумфот, кога имавме висока предност 4:0. Во второто полувреме продолживме да ја играме нашата игра и да го полниме голот на противникот. Давор Лефковски и Филип Јовановски постигнаа по два гола. По еднаш погодија и Дарко Сековски, Зоран Фидановски, Симеон Здравковски и Горјан Цветков. Во вечерниот термин од 19:30 часот играме против екипата на Фк Вихрен. Одлични резултати за нашите млади надежи на овој силен меѓународен турнир во Сандански. Се надеваме на продолжување на победничката серија и во следните натпревари од денешниот ден.